Спасовски ги прими Каполунго и Ромеро

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со Џенаро Каполуонго, проект лидер на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“ и амбасадорот на Италијанската Република, Карло Ромео.

На средбата, како што соопшти МВР, се разговарало за резултатите постигнати од првата фаза на ИПА 2017 проектот „Сузбивање на сериозен криминал во Западен Балкан“, како и за втората имплементациска фаза на проектот „Борба против организираниот криминал: Меѓународна соработка во кривичната фаза“, која е предвидено да трае до 31 декември 2019 година. Како имплементатор на активностите на овој проект е избрана Република Македонија.

Министерот Спасовски се заблагодарил за досегашната успешната соработка помеѓу Министерствата за внатрешни работи на Република Македонија и Италијанската Република и го потенцирал успешното спроведување на овој проект во рамките на ИПА, што ќе придонесе  во борбата против организираниот криминал и корупција.

 

 

 

12.09.2018- 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега