СДСМ бара повлекување на новиот спот против абортусот

СДСМ бара да биде повлечен новиот телевизиски спот кој е дел од кампањата на македонската Влада против абортусот.

- Новиот спот во којшто абортусот како медицинска интервенција се изедначува со убиство испраќа порака на осуда и стигматизација кон сите жени и парови кои го искористиле или планираат да го искористат своето природно репродуктивно право. Воедно, овој спот е и брутална навреда и квалификација на лекарите како убијци, стои во реакцијата која СДСМ ја испрати до Советот за радиодифузија.

Во својата реакција, пратениците од опозициската СДСМ истакнуваат дека членот 41 од Уставот на Република Македонија го обезбедува правото на човекот слободно да одлучува за создавање на деца. 

- Ние пратениците и пратеничките потпишани на оваа изјава застануваме во одбрана на слободите и човекови права на секоја жена и затоа бараме итно повлекување на овој противуставен спот, стои во реакцијата на пратеничката група на СДСМ.

20.09.2013 - 10:47

најчитано сега