Сама се грижи за 4 ќерки, 40 крави, 8 овци, а се брани и од волци - за Милена зборува цел Балкан

 

По смртта на нејзиниот сопруг, 34-годишната Милена Совиљ Плечаш сама се грижи за 4 ќерки и голем селски имот.

„Сѐ имаме и добро живееме“, вели Милена за рватскиот портал „24 sata“. Таа вози трактор, коси трева, меша малтер, готви, пере, ја средува градината...

Таа е моќна самохрана мајка на четири малолетни деца која се снаоѓа во земјоделието, сточарството, домаќинството, градежните работи и воспитувањето на деца, вози трактор и се грижи сѐ совршено да функционира.

Од волците кои доаѓаат понекогаш до нејзиниот имот во селото близу Грачаца, се брани таа што пука петарди.

„Ќерките некогаш ми помагаат, а некогаш не сакаат, Но никогаш не им е досадно. Си играат со кучиња и со овци, за кои мислат дека се домашни животни, бидејќи деца во соседството нема. Ако нешто не им се прави, секогаш може да шетаат низ шумата“, вели Милена, а девојчињата признаваат дека никогаш не им е досадна бидејќи природата е полна со изненадувања.

 

 

 

 

11.09.2018 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега