Северина измислила дека е верена со кралот на бакарот

Српскиот весник „Курир" пренесе дека хрватската пејачка Северина ја измислила веридбата со Милан Поповиќ. Хрватската пејачка цело време во јавност пласирала приказни за веридбата, бидејќи и одело во прилог да создава медиумска слика каква што и одговара, а всушност, веридбата, плановите за свадба и скапиот веренички прстен не биле ништо друго освен голема фарса.

- "Милан се согласи на тоа, бидејќи медиумите не го интересираа, бидејќи не живее од нив, а не му зависи ни бизнисот од нив. Од друга страна, на Севе единствено и беше важна таа медиумска слика. Но, додека ја градеше приказната, тој можел да си го гледа детето", открил извор за српскиот дневен весник.

"Кога Северина му побара да и обезбеди исти услови за неа и детето какви што тој во неговите престојувалишта или дека ќе му го ограничи гледањето на детето, тој се обиде да и објасни дека сето тоа го стекнувал повеќе од 20 години и дека не може да и го обезбеди за еден ден во Хрватска, додал изворот.

Бидејќи сега Северина од кралот на бакарот бара  да се откаже од старателството, а тој сака да си го гледа детето, на оваа приказна ќе и следува судски епилог.

20.09.2013 - 10:10

најчитано сега