Тажна приказна: Потпишав за Манчестер Јунајтед, па ме застрелаа во глава, денес продавам леб

 

Го однесов Парагвај на Светското првенство, ми даваа двојно поголема плата и куќа за да останам, бев идол, а после стрелањето, ниту федерацијата ниту играчите не ми помогна. Тажно…

Поранешниот напаѓач на Парагвај, Салвадор Кабањас откри дека договорил трансфер во Манчестер Јунајтед непосредно пред што застрелувањето во глава да му ја прекине кариерата која му беше на врвот.

Кабањас е еден од најдобрите стрелци во Јужна Америка, беше прогласен за најдобар играч на овој континент во 2007 година и беше прв стрелец во Копа Либертадорес (пандан на Лигата на шампионите во Јужна Америка).

Но, во јануари 2010 година, не многу долго откако го одведе Парагвај на Светското првенство  со шест голови во квалификациите, Кабањас беше застрелан во глава во ноќен клуб во Мексико после пресметка со познат препродавач на дрога.

Секако, не можеше да оди на Светското првенство во Јужна Африка, а иако се врати на теренот во 2012 година, не успеа да ја врати старата форма и две години подоцна ја заврши кариерата.

Сега работи во Асунсион, главниот град на Парагвај, каде продава леб.

-Потпишав преддоговор за 1,3 милиони фунти во Европа. Ми кажа дека одам во Манчестер Јунајтед, кажал тој за Телефутуро.

-Клуб Америка ми зголеми двојно платата и ми даде стан во Акапулко и еден во Канкун како би ме задржале.

Но, лекувањето од тешките повреди добиени од пукање го засени конфликтот со Клуб Америка околу заостанатите плати и во тој период вели дека се чувствувал осамено.

-Кога играч си ѕвезда, а кога не играш на никого не му е гајле за вас. Тоа е тажно. Бев идол во Парагвај, а никој од федерацијата или тимот не ми помогна. Обичните луѓе се сеќаваат на мене и тоа не тера да одам напред.

Сега е среќен во пекара.

-Одам понатаму. Сакам да работам, луѓето ме препознаваат и сакаат да разговараат за фудбалот, забавно ми е тоа.

 

 

 

11.09.2018 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега