Охридските борци со марш ќе го одбележат Денот на мирот

Претставници на Сојузот на борци од Охрид денеска, по повод Меѓународниот ден на мирот – 21 Септември, ќе положат цвеќе на бистите на паднатите борци и илинденци во Градскиот парк.

Според најавите, Претседателот на Сојузот ќе има свое обраќање пред присутните, а ќе биде прочитана и пораката на генералниот секретар на ООН Бан Ки-мун. Меѓународниот ден на мирот ќе биде одбележан и со мировен марш што ќе почне од 11 часот од пред седиштето на Сојузот на борците во Охрид.

Одбележувањето на Меѓународниот ден на мирот започна во 2001 година со носење на резолуција од страна на Генералното собрание на Обединетите нации, со која се покануваат сите држави членки на Светската организација, регионални и невладини организации и индивидуи да го одбележат на соодветен начин Меѓународниот ден на мирот.

 

 

20.09.2013 - 09:50

најчитано сега