Тајфун во Виетнам усмрти три лица

Поплавите предизвикани од тајфунот Усаги во Виетнам предизвикаа три жртви во централниот дел од државата додека 13 се сметаат за исчезнати.

Поплавите и лизгањето на земјиште урнаа речиси 5.000 куќи и поплавени се околу 6.000 хектари оризови насади.

Брзината на ветровите е речиси 240 км/час. Заради приближувањето на Усаги, кој веќе е наречен супертајфун, властите во Филипини евакуираа села во северниот крајбрежен појас.

20.09.2013 - 09:21
Фото: 
Инпрес

најчитано сега