И оваа година „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ донираат училишна опрема

 

Издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарницата „Литература.мк“, донираат училишна опрема за деца во социјален ризик, во рамки на добротворната акција „Среќна школска година“ на Здружението за хумано-општествен развој „Проект Среќа“.

Донацијата содржи повеќе од 850 парчиња и тоа едукативни помагала и училишни материјали, како и списанијата за ученици „Мини Либи“ и „Либи“.

Донаторските пакети беа врачени вчера, а ќе се доделуваат и денеска пред кугланата во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Меѓу другото, за децата се наменети: тетратки, блокчиња, постери за во училница, геометриски блокчиња, нотни тетратки и примероци од списанијата „Мини Либи“ и „Либи“ во вкупна вредност од повеќе од 64.600 денари, обезбедени од „Арс Ламина“ и „Литература.мк“.

Ова е втора година по ред како книжарницата „Литература.мк“ и издавачката куќа „Арс Ламина“ го поддржуваат донаторскиот повик на „Проект Среќа“, под мотото дека „секое дете треба среќно да ја почне учебната година“. Пред неколку месеци, пак, заеднички ја збогатија и училишната библиотека на ПОУ „Златан Сремец“ – Скопје, со донација од над 50 книги и сликовници.

 

 

 

 

07.09.2018- 12:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега