Почнува светскиот конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта

 

 

Светските достигнувања на техниките на прочистување на крвта ќе бидат презентирани на 36.Светскиот конгрес на Интернационалното здружение за прочистување на крвта, кој почнува денеска во Македонската академија на науките и уметностите, во организација на Македонското здружение за нефрологија, дијализа, трансплантација и вештачки органи.

- Има многу состојби кои можат да се лекуваат со овие техники, како што се болести на метаболизмот, можат да се прочистат материи во крвта, како и липиди и на тој начин се превенира развој на коронарна болест, инфаркти, поставување стентови итн., истакна претседателот на Здружението.

Во врска со бубрежната проблематика посочи дека има двојки кои имаат различна крвна група, им треба прекондиционирање, треба да им се извадат одредени антитела против таа крвна група кои со овие техники уште подобро се средуваат. Додаде дека со тие техники може да се постигне подобро прочистување на крвта и кај пациенти за трансплантација.

На конгресот што ќе трае до 9 септември ќе учествуваат светски признати научници од САД, Јапонија, Кина, Европа што е голема чест за македонското здравство и доктори.

 

 

 

06.09.2018- 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега