Подобрени условите во штипската градинка „Астибо“

 

 

Во изминатата година во речиси сите објекти на градинката „Астибо“ во Штип се подобрени условите за престој на децата од претшколска возраст.

Директорката на градинаката „Астибо“ Билјана Трајчевска вели дека деновиве добиле и прочистувачи на воздухот кои веќе се поставени во занималните.

- Направивме замена на под и бојадисување на јаслите во објектот „Астибо“, бојадисување и темелно чистење на ходиниците во овој објект. Направивме замена на подни облоги во шест занимални во сите наши објекти. Ги заменивме завесите во клонот „Бамби“ во населбата Баби. Направивме замена на столчиња и масички во две занимални во објектот „Астибо“, рече Трајчевска.

Таа соопшти дека планираат замена на дотраените прозорци и врати во објектот „Астибо“, замена на оградата во објектот во населбата 8 Ноември, како и подобрување на пристапот во објектот „Бамби“ во населбата Баби.

Во градинката „Астибо“ се згрижени вкупно 845 дечиња од неколку населби во Штип.

 

 

 

06.09.2018- 16:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега