„Тиквеш“ оваа година двојно поуспешни од лани на натпреварот во Хонг Конг
Винарската визба „Тиквеш“ продолжува со успесите на меѓународните натпревари за вина и жестоки пијалаци, откако на овогодинешниот еминентен натпревар во Хонг Конг освоија шест медали. Со ова тие го надминаа успеахот од минатата година кога освоие три медали.
Конкретно, врвното црвено вино вранец Special Selection 2016 годинава освои двоен златен медал, што е највисоко признание на овој натпревар, а црвените вина т’га за југ 2016, барово 2015 и Alexandria Cuvée 2016 се наградени со златни медали.
Chardonnay Domaine Lepovo 2016 е наградено со сребрен медал, а белото вино Alexandria Cuvée 2017 доби бронзен медал. Овие вина се единствените вина од Македонија и поширокиот регион кои се наградени на овој престижен вински натпревар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа