Џафери се сретна со полковникот Видмер

Македонскиот министер за одбрана Талат Џафери денеска се сретна со  одбранбеното аташе на Швајцарската Конфедерација за Македонија, полковникот Маркус Видмер.

На средбата соговорниците се согласиле дека голем дел од планираните проекти се реализирани во целост.

- Споменати беа проектите поврзани со Военомедицинскиот центар, Регионалниот центар за односи со јавноста, како и алпинистичката обука која се реализира во моментно на терен близу Демир Капија, која министерот Џафери ја окарактеризира како исклучително квалитетна и потребна, се вели во соопштението од Министерството за одбрана.

19.09.2013 - 16:44
Фото: 
Кајгана