Естрадни уметници се закитија со бронзени значки од АРМ
Во Генералштабот на АРМ денеска се одржа средба со естрадни уметници и претставници на институции кои настапуваа и го помогнаа концертот по повод Денот на АРМ што се одржа на 16-ти август.
На средбата им беа доделени „Бронзена значка на Армијата за партнерство, координација и соработка“ на: Есма Реџепоџа-Теодосиевска, Блага Петреска, Мустафа Имери, Драган Мијалковски, Универзална сала, ДЈ Никифор, Телевизија Сител, Антена 5 Радио и Детскиот Културен Центар „Карпош“ од Скопје.
Благодарност до присутните упати заменикот на НГШ на АРМ генерал-потполковник Насер Сејдини кој истакна дека несебичното помагање на АРМ нема да биде заборавено, а естрадните уметници помогнаа Армијата да биде поблиску до граѓаните. Генералот Сејдини, соопшти денеска Генералштабот на АРМ, нагласил дека ова е одличен пример на соработка со цивилните структури и оти таа ќе продолжи и во иднина.