ФОТО: Сандра Булок повторно на насловната на „Вог“

Познатата холивудска актерка Сандра Булок по петти пат ќе ја краси насловната страна на изданието а американското модното списание „Вог“.

Булок ,  првпат се најде на насловната страница на овој магазин во 1998 година.

Во октомвриското издание на „Вог“ таа ќе носи зелен фустан и со откриен грб, дело на модниот дизајнер Марк Џејкобс, а ќе има и специјална фризура за таа намена.

Во интервјуто  таа зборува за својот живот во Тексас со посвоениот син Луис и за снимањето на новиот филм „Гравитација“.

Актерката истакна дека нејзиниот тригодишен син Луис е нејзин приоритет.

 

„Не сакам тој да чувствува некаков притисок заради мојата работа. Ако видам дека мојата работа негативно влијае врз него, ќе се спакувам и ќе се отселам на Аљаска“, вели Булок.

19.09.2013 - 16:23