УЈП: Имотот на министерката Јанкулоска е уредно пријавен

Управата за јавни приходи денеска соопшти дека промените на имотната состојба на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и на нејзиниот сопруг се уредно пријавени.

- Станува збор за промени на имотна состојба која потекнува од оданочени приходи, стекнати преку банкарски заеми, појаснува УЈП во соопштение по информациите изнесени во јавноста за зголемување на имотот на Гордана Јанкулоска во периодот од 2006 година.

Согласно тековните приходи пријавената купопродажба на имот, последната имотна состојба на сопружниците и другите податоци, со кои во овој момент располага Управата за јавни приходи, не постојат основи за сомневање за стекнување имот од неоданочени приходи, стои во соопштението од УЈП.

19.09.2013 - 16:21
Фото: 
Нетпрес

најчитано сега