„Трејн Брејн Софт“: Унапрадување на вештините на приватното обезбедување

 

Успешната реализација на проектот „Треин Бреин Софт – стандардизиран курикулум и електронска алатка за меки вештини за приватно обезбедување“, што беше спроведен во период од 25 месеци и за него беа одделени 11.380.000,00 денари, а претставува стратешко партнерство за приватно обезбедување од пет земји, беше презентирана денеска на завршната конференција.

Проектот е поддржан од програмата на Европската унија – „Еразмус плус“, „К2-стратешки партнерства-образование за возрасни“, реализиран преку Националната агенција за европски образовни програми и мобилност и ужува поддршка од Министерството за внатрешни работи.

На денешната конференција беше претставена содржината на проектот, со посебен осврт на значењето на меките вештини за приватно обезбедување, професионалниот стрес кај приватното обезбедување, човековите права и слободи на приватното обезбедување, и комуникациските вештини во тој домен.

Воедно, беше претставена и содржината на модуларната тренинг програма за меки вештини и беше презентиран Прирачникот за меки вештини за приватно обезбедување, како и отворената онлајн мултимедијална тренинг алатка, што е достапна 24 часа и може да ја користи секој заинтересиран на ниво на ЕУ.

Верица Милеска Стефановска, претседателката на Комората на Република Македонија за приватно обезбедување истакна дека е задоволна од професионализмот и соработката со партнерите од Норвешка, Словенија, Романија и Хрватска, со кого беше спроведуван проектот, посочувајќи дека истиот развива пет продукти.

- Проектот развива пет продукти: истражување за меки вештини за работниците за приватно обезбедување, курикулум за меки вештини, тренинг програма, прирачник и електронска алатка, а во рамките на проектот е предвидено да се спроведе непосредна обука за вршителите на приватното обезбедување со примена на развиените продукти, објасни Милеска Стефановска.

 

 

 

04.09.2018 -12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега