Инцидент пред Поликлиниката во Ѓорче Петров

Инцидент пред Поликлиниката во Ѓорче Петров. Според информациите на МВР вчера околу 14:15 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, 52-годишниот С.А. од Скопје, вработен како обезбедување во Поликлиниката-Ѓорче Петров, пријавил дека додека извршувал службени задачи го забележал лицето С.Б.(41) од Скопје надвор пред Поликлиниката како недолично се однесувал.

Откако С.Б бил предупреден за недоличното однесување, тој влегол внатре, и по кратко време физички го нападнал пријавителот по што го напуштил местото на настанот.

Поради здобиените повреди, пријавителот се упатил во Градската општа болница „8-ми Септември“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

 

 

02.09.2018 - 15:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега