Полицијата запре возило: Маж од Сингелиќ веднаш приведен

На автопатот Гевгелија–Скопје, кај село Прдејци, вчера во 17:30 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Богородица, било забележано патничко моторно возило „Хонда“ со скопски регистерски таблици во кое имало мигранти, како со голема брзина се упатило во правец кон Скопје.

Полициските службеници се упатиле по возилото и после клучката Миравци, возилото запрело, мигрантите излегле од него а возилото продолжило со движење.

По кратко време возилото е сопрено, а го управувал 41-годишниот Р.Ф. село Сингелиќ-скопско.

Биле пронајдени и 14 лица-мигранти, од кои 11 лица од Авганистан и тројца од Пакистан. Р.Ф. бил лишен од слобода, а по консултација со Јавен обвинител, лицата-мигранти се превземени за понатамошна постапка.

 

 

 

02.09.2018 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега