ФОТО: Два камиони се судрија на Плетвар - пожарникари ги сечат за да го извадат повредениот возач

Два камиони попладнево се судриле на Плетвар. Очевидци за Press24 велат дека сликата е страшна. Екипи на пожарната служба со пили го сечат еден од камионите за да го извадат возачот кој повреден е приклештен внатре.
Од полицијата се уште немаме официјална потврда за овој случај.
Нема ниту информација за состојбата на учесниците во сообрќајката но очевидци велат дека повредени сигурно има.
Сообраќајот на Плетвар е во целосен прекин поради што веќе има километарски колони.
Од 13:45 часот на Плетвар поради сообраќајна незгода сообраќајот е блокиран во двата правци, соопшти Автомото сојузот на Македонија

 

 

 

 

01.09.2018 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега