Скопјанец пријавил во полиција: Непознат маж ја забремени мојата 17 годишна ќерка

Ја силувал неговата 17 годишна ќерка и ја забременил. Ваква пријава во полиција вчера пристигнала од 54 годишен жител на скопска Гази Баба. Според неа, пред 4 или 5 месеци непознато лице ја пресретнало неговата ќерка кај Железничката станица во Скопје, ја внело во возило и врз неа извршило обљуба.
Нејзиниот татко за настанот дознал пред 3-4 недели кога ќерката и се доверила на мајка и дека е бремена.
По лекарскиот преглед била утврдена бременост а на Институтот за судска медицина бил направен дополнителен преглед.
Од полицијата најавуваат расчистување на случајот.

 

 

 

01.09.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега