ЕУ го укинува зимското сметање на времето - стрелките нема да одат назад

Европската Комисија ќе предложи да се укине летното сметање на времето во Европската Унија. Информацијата ја соопштил Претседателот на Комисијата, Жан Клод Јункер во интервју за германска телевизија.

Јункер потенцирал дека според анкета нарачана од Европската Комисија која се спроведувала од јуни до почетокот на Август, 80% од граѓаните на Европската Унија не сакаат да има поместување на стрелките на часовник на есен и на пролет.

Анкетата покажала дека најголем дел од оние кои не сакаат зимско и летно сметање на времето бараат сметањето на времето да остане во „летен мод“ односно два часа понапред во однос на времето по Гринич.

Согласно процедурите, по овој предлог на Европската Комисија за било какви промени прво ќе треба да се изјасни Европскиот парламент а потоа и земјите членки на Европската Унија.

 

 

 

 

31.08.2018 - 11:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега