Џафери ќе се сретне со Колинда Грабар Китаровиќ

Македонскиот министер за одбрана, Талат Џафери, денеска во Скопје ќе се сретне со помошник генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија, Колинда Грабар Китаровиќ.

Според најавите, по средбата во Министерството, Џафери и Грабар Китаровиќ ќе го посетат и ќе имаат предавање на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. 

19.09.2013 - 08:40