Сите жени на Шердер: Поранешниот германски канцелар се жени 5. пат со 26 години помлада девојка

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во октомври ќе се ожени со 26 години помладата Јужнокорејка која ќе му стане петта жена.

Шредер кој има 73 години, после четвртиот брак го добил надимакот „човек ауди“, по четирите круга на логотот на германскиот производител на автомобили, а сега одлучи да застане на „лудиот камен“ со Ким Со-јеон.

На свадбата е поканет и претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Ова се сите негови жини:

1. Ева Шубах - првиот брак германскиот канцелар го склопил пред 50 години со Ева која му била другарка од детство. Бракот траел неколу години и потоа се развеле.

2. Ана Ташенмахер - истата година кога се развел, Шредер запловил во втор брак со Ана, наставничка во училиште. Биле во брак цели 12 години, а официјално се развеле во 1984 година.

3. Хилтруд Хампел - Шредер не се колебал долго и после разводот со Ана, веднаш стабил во брак со Хилтруд.

4. Дорис Шредер Копф - Шредер повторно, истата година кога се развел од Хилтруд запловил во брак со 19 години помладата Дорис. Парот посвоил две деца, а Дорис има дете од претходната врска.

Ова бил најдолгиот брак на Шредер кој траел 18 години.

5. Ким Со јеон е новата љубов на Шредер, која ја запознал пред Дорис да поднесе барање за развод од него. Бившиот канцелар ја запознал Ким кога и таа била мажена и имала ќера, на менаџерска конференција во Јужна Кореја каде му била преведувач.

 

 

 

23.08.2018 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега