Крвава драма во Македонија: Зетот за ќерка му испукал два куршуми во стомак

Крвава драма се одвивала во Македонија вчера, кога во 10.40 часот во селото Долна Бањица, гостиварско, пред сопствениот дом, со два куршуми од пиштол во пределот на стомакот бил застрелан 54-годишниот А.У. од страна на зетот за ќерка, 33-годишниот Б.С. ос селото Горно Седларце, тетовско.

Тој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

21.08.2018 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега