Се слушале сирени: Голем пожар во Бутел утрово

Во два часот утрово голем пожар почнал да беснее во скопската населба Бутел, во штала со помошен објект на улицата „Мрежичка“ без број.

Во гаснењето интервенирале три возила и седум пожарникари од 2 до 4:30 часот изутрината, за среќа направена е само материјална штета, а се проценува на 120 илјади денари. 

Со пламените јазици биле зафатени 150 метри квадратни.

 

 

 

21.08.2018 - 08:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега