Аркан пред Цеца бил заљубен во друга пејачка: "За неа се разведе, велеше дека е добра во кревет"

Небојша Жабац, контроверзниот бизнисмен од Нови Сад, повторно шокира со детали за животот на Аркан. И покрај тоа што поминаа години од неговата смрт, Аркан секогаш привлекува внимание.

Според него, пред Цеца тој ја сакал хрватската пејачка Дорис Драговиќ и за неа се фалел дека не е обична жена и дека му е прекрасно со неа.

- Беше воодушевен од неа и ми кажа дека тоа му бил најдобриот секс во животот. Ми рече тоа не е нормална жена, туку врв, вели бизнисменот.

Врската се засновала на страст, посебно од страна на Аркан.

- Жељко и таа беа на ивица на брак, а тој почна да размислува да ја остави сопругата, а иако ја криеја врската, сите знаеја за неа, вели тој.

Потоа, Дорис се омажила. Тој во 1993. се оженил за Цеца.

 

 

 

21.08.2018 - 08:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега