Собранието ќе ја води главната кампања за референдумот

Собранието, а не како што претходно се навестуваше Владата – ќе биде главниот стожер и носител на кампањата за референдум, објави Телма.

В среда ќе се одржи владина седница на која ќе се утврдат  сите детали околу кампањата за референдумот, однсно ќе се соопшти колкава сума на пари ќе биде одредена за референдумот. Вечерва се одржува координација на тимот од владејачкото мнозинство задолжен за референдумот,  на која, според информации на Телма, начелно е утврдено дека главниот носител на информативната кампања ќе биде Собранието. Но тоа, велат извори на Телма, не го исклучува и ангажманот на Владата.

Дилемата, како ќе се трошат, односно кој и кому ќе ги дели парите за кампања, кои Владата ги собира преку министерствата и натаму останува отворена. Се разгледуваат неколку опции – парите да бидат префрлени во Собранието, но за тоа би бил потртебен ребаланс.

Според втората Собранието е тоа кое ќе даде насоки околу поделбата на средтствата. И третата опција која е на маса е парите да останат во министерството за финансии, кое потоа според новите измени на изборниот законик би ги исплаќал директно, но само за оние саубјекти на кои им следува буџетско финасирање на кампањата. Сепак која од трите опции ќе се одбере ќе се знае задутре, за кога рано претпладне е закажана седница на Владата, а потоа и координација во Собранието, по што треба да се заокружат сите одлуки.

 

 

 

 

 

20.08.2018 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега