Пронајдено телото на Радомир: Скокнал во вода да го спаси кучето и веќе не испливале

Трет ден од потрагата, нуркачите во Осјек го пронашле телото на исчезнатото момче, 27-годишниот Радомир Петровиќ. Неговото куче Гриј е пронајдено претходно, замотано во гранки на дното од реката.

Апел за помош во потрагата за братот огласила неговата сестра Драгана, откако била известена дека скокнал во Драва по своето куче.

-Сѐ видела во петокот вечерта една госпоѓа која исто така шетала покрај Драва. Видела дека брат м му фрла на кучето топка во вода. Обично кучето оди по топката ако е во плитко, но овој пат отишла малку подалеку и почнало да се дави и тоне. Радомир скокнал во водата по кучето. А, потоа двајцата исчезнале под вода. Жената која сето тоа го видела веднаш повикала полиција, а ние бевме известени идното утро - вели сестрата на Радомир.

 

 

 

 

20.08.2018 - 21:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега