Манчевски: Ако граѓаните не одлучат на референдумот, не ги спречува институциите да донесат одлука

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во своето гостување на телевизија Алфа во Отвореното студио, кажа дека доколку граѓаните се одлучат да бојкотираат, односно не се исполни цензуост, тоа нема да ги спречи институциите да одлучат.

-Било и кое да е прашањето. Прашањето да беше дали сте Македонија да се укине, поради тоа што така вика СДСМ, треба да има над 50 проценти излезени и од нив 50 плус 1 да се За. Ако нема, значи нема одлука. Нема одлука ни За, нема одлука ни Против. Значи граѓаните решиле да не донесат одлука на референдум во однос на ова прашање. Што не ги ограничува другите институции да одлучат. Ако граѓаните сакаат сами да одлучат треба да излезат и да гласаат за ова прашање што е од најголемо суштинска важност за нив, ако не сакаат може да си останат дома и да дозволат институциите да одлучат место нив, вели Манчевски.

 

 

 

20.08.2018 - 21:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега