Видео: Ги погодија најлошите поплави во последниве 100 сто години - луѓето отсечени од светот

Бројот на загинати во поплавите што ја погодија јужната индиска провинција Керала се искачи до 370 лица, а над 1,2 милиони се внатрешно расселени и сместени во импровизирани кампови.

Монсунската сезона во Индија трае од јуни до септември, но годинава паднал дожд за 40 проценти повеќе од што е вообичаено во овој период, поради што локалните власти не биле подготвени да се справат со реките преку системот на брани што е изграден. Министерот за здравство на Индија Џ. П. Нада соопшти дека 3.500 медицински центри се отворени за да им се помогне на жителите, а воедно упати и апел за меѓународна помош.

Во регионот забрзано се хлорира водата и се испраќаат санитетски средства за да се спречи избивање на епидемии кои би ја влошиле состојбата на југот на Индија.

Во поплавите, кои почнаа во првата половина на август, се оштетени околу 10.000 патишта, а еден од главните аеродроми од вторникот е затворен. 

 

 

 

20.08.2018 - 21:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега