Се приближува невреме кон Македонија: Метеоролозите со важни информации

До крајот на овој ден под влијание на циклонот Глорија локално ќе има поизразена нестабилност проследена со поројни врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град, информира метеорлогот Славчо Попоски.

Во зоната на позначителната нестабилност ќе има услови и за позначително количество на воден талог за кратко време.

Предупредување: Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја додека уредите во домаќинствата да се исклучуваат од штекер со цел да не дојде до некоја несакана штета односно расипување на истите.

Инаку вистинскиот циклон Глорија влијае на времето и ширум Балканот и условува локално невреме и интензивни врнежи и електрични празнења.

 

 

 

20.08.2018 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега