Костадинов: Вработувањето на младите значително ќе се олесни со членството во ЕУ

Мерките и програмите за вработување кои се спроведуваат согласно Оперативниот план за вработување даваат резултати, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

„Истовремено програмата „Гаранција за млади“ се покажува како исклучително ефикасна мерка за вработување и обука на младите. Во првите пет месеци од спроведувањето на Младинската гаранција, којашто како пилот програма се спроведува само во три општини, веќе се вклучени речиси 2.000 млади луѓе (точно 1.979 млади лица). Од нив, 586 млади се веќе вработени, 705 млади се вклучени во активните мерки за вработување, а 952 милади лица се дел од услугата за посредување при вработување“ изјави Костадинов.


Тој додаде дека преку Оперативниот план за вработување, опфатени се веќе над 4.000 лица.

„Со членствово на Македонија во Европската унија и НАТО овој тренд дополнително ќе се интензивира. Членството во ЕУ значи неограничени можности за стекнување квалитетно образование и пракса, признаени дипломи насекаде низ Европа. Преку европските програми за образование и мобилност, младите од Македонија ќе стекнуваат знаења и вештини кои им гарантираат добри, подобро платени работни места, тука, во нашата земја“ истакна Костадинов.

Според Костадинов, огромни фондови за кои ЕУ издвојува милијарди евра, како Еразмус плус и Европскиот солидарен фонд, ќе станат многу подостапни за нашите млади луѓе. За подигнување на квалитетот на образованието, не само како процес на стекнување знаења, туку и младинска размена и учење едни за други.

„Преку програмата за младинска вработеност на Европскиот социјален фонд, во периодот од 2007 до 2013-та биле вработени над 10 милиони Европејци. Граѓаните ги препознаваат придобивките од интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и затоа на 30 септември ќе дадат поддршка за влез во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот за иднината, со зачуван македонски национален идентитет. Граѓаните се определени, граѓаните велат ДА за македонската иднина!“ нагласи Костадинов.

 

 

 

20.08.2018 - 15:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега