Време: Малку сонце малку облаци малку дожд

Утре времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и потопло. Попладне во северните делови ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд во вечерните часови. Доцна попладне ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 22 до 29 степени.

Во Скопје утре претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне повремено облачно. Во вечерните часови е можен локален дожд, а ќе дува и умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 27 степени.

 

18.09.2013 - 16:47

најчитано сега