Груевски: Со закон за финансиска дисциплина нема да доцнат плаќањата во стопанството

Денеска македонскиот премиер Никола Груевски пред бизнис-заедницата изјави дека со Закон за финансиска дисциплина ќе бидат прецизно утврдени роковите во кои ќе се подмируваат обврските и на тој начин нема да доцнат исплаќањата во стопанството. 

- Имајќи го ова искуството предвид како и неодманешните разговори со стопанските комори кои неколкупати ми нагласија дека сега најголем проблем им се долговите, но долговите меѓу самите приватни фирми, а во правец на системско решавање на овој проблем со задоволство денеска првпат можам да соопштам дека во подготовка е закон со кој презицно ќе бидат утврдени роковите во кои се подмируваат обврските кој засега има работен наслов Закон за финансиска дисциплина, истакна премиерот.

Според него, со ова Владата повторно ќе излезе во пресрет на  барањата на стопанствениците и ќе воспостави законска рамка со фер правила на игра кои најмногу ќе бидат во прилог на малите и средни претпријатија кои досега се соочуваат со проблеми во наплатата на побарувањата. 

Апелираше до домашните инвеститори да го искористат влезот на странските компании за подобра интеграција во нивниот производствен процес, преземање знаења искуства и соработка во делот на можно снабдување со домашни репроматерија, полупроизводи и слично.

 

18.09.2013 - 16:16

најчитано сега