На чудесен начин избегнал смрт во Џенова: Се почнало да пука, а тој се фатил за жица и така висел со часови

Трудницата Џулија Органо опишала како нејзиното момче, со кое чека бебе, преживеал рушење на мостот во Џенова, држејќи се за жива од 20 метри над земја.

29-годишниот Џанлука Ардини се држел така со часови иако се здобил со сериозна повреда на рамената. Мислел на своето дете кое треба да се роди.

Ардин, продавач на компјутерски игр, преминувал со автомобилот низ мостот Моранди за да испорача роба кога конструкцијата попуштила. Неговиот колега, 34-годишниот Мати Алтадон кој бил заедно со него во автомобилот, паднал од висина од 45 метри и настрадал, но  тој преживеал така што се фатил за жива.

„Не знам како да го опишам тоа што се случи освен дека е чудо. Не смеам ни да помислам што преживувал додека со часови висел во воздух дрејќи се со сета сила за жицата на висина од 20 метри“, рекла Џулија.

Таа рекла дека не разговорала со своето момче после несреќата, но дека ѝ раскажале спасувачите.

„Ми рекоа дека му кажале да не мрда за да не падне. На крајот го спасиле“, вели таа.

„Сега има болки, но не е животно загрозен. Сигурна сум дека ќе има физички последици, но сепак може да кажеме дека имавме среќа“, вели Џулија која едвај чека момчето да ѝ се врати дома.

 

 

 

16.08.2018 - 16:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега