ФОТО: Ахмети на средба со косовскиот амбасадор Хуса

 

Денеска во седиштето на Демократската Унија за Интеграција во Тетово, Претседателот Али Ахмети се сретна со Амбасадорот на Република Косово во Македонија, Илбер Хуса.

Двајцата соговорници разговарале за последната состојба помеѓу Косово и Македонија како и за политичката ситуација во двете земји, но и во регионот како и ЕвроАтлантската интеграција.

Претседателот Ахмети нагласи дека постојаниот дијалог помеѓу Косово и Македонија е најдобра превентива за надминување на сите недоразбирања и во овој поглед предложи формирање на Заедничка Комисија за да се менаџираат сите прашања помеѓу Приштина и Косово за да се унапреди дијалогот и соранотката помеѓу двете земји.

Двајцата соговорници се сложија и дека принципот на добрососедство е многу значаен, а говореа и за последните политички случувања во земјава при што Г. Ахмети ги нагласи напорите на ДУИ за постигнување на компромисно решение за прашањето со името помеѓу Македонија и Грција.

18.09.2013 - 15:38

најчитано сега