Бидете внимателни: “Гатачка“ од Гостивар лажела и крадела скопјани
Измамничка од Гостивар успеала да прелаже и ограби млада скопјанка, велејќи и дека може да ги разбие магиите кои некој и ги фрлил, пренесува Кис.
25 годишната скопјнка и 33 годишната “гатачка“ прв пат се сретнале на автобуската станица во Скопје пред два месеци.
Гостиварчанката и рекла на девојката дека нема среќа во животот бидејќи некој и фрлил магии. Измамничката и рекла на девојката да дојде кај неа во Гостивар за да и гата и да ги разбие магиите. Девојката отишла во нејзиниот дом и донела златен накит и пари, баш како што од неа побарала итрата “гатачка’. По првата сеанса, на гостиварчанката не и било доста, па и рекла на девојката дека ќе мора да се сретнат повторно бидејќи магијата наводно била многу голема. Овој пат побарала злато, постелнина, па дури и цигари. Младата скопјанка повторно ги послушала инструкциите, но, подоцна сфатила дека е измамена и пријавила во полиција.
Според Кис, гостиварчанката била идентификувана и против неа ќе биде поднесена кривична пријава.