Во јавноста протекоа информации за раскинувањето на Вилијам и Кејт

 

Кралскиот пар се венчаше во април 2011 година, во 2013 го добија своето прво дете, принцот ор, во 2015 година Кејт ја роди принцезата Шрлот, а оваа година го добија и најмалиот син Луис.

Имено, принцот Влијам и негоата сопруга Кејт Мидлтон оваа година прославија седум години брак, но иако нивниот живот се чини како од бајка и тие за време на својата долгогодишна врска со соочувале со разни искушенија.

Овие денови вистински хит е нивното раскинување после четири години врска. Тогаш од палатата во Кенгиснгтон изјавија дека не сакаат да го коментираат приватниот живот на принцот, но сеха во јавноста „испливаа“ некои нови информации за раскинувањето.

Имено, како што пишува порталот ПопШугар во 2006 година семејството на Кејт Мидлтон го повикало Вилијам на прослава за Нова Година во викендица во Шкотска. Принцот се согласил, но подоцна се премислил и одлучил да се придржува до кралската традиција односно Нова Година да прослави со своето семејство, каде Кејт не можела да присуствува, бидејќи тогаш уште не му била сопруга.

После тоа Вилијам требал да се врати во војска и не се виделе 3 месеци, а на Кејт ѝ здодеало медиумското внимание и агресивните папараци.

Вилијам исто така често излегувал со пријателите од војска и флертувал со други жени, што на Кејт, секако, не ѝ се допаднало и сето тоа довело до раскинување.

Парот секако се смирил после неколку месеци, а во 2010 година следувала просидба. Влијам ја запросил Кејт на одмор во Кенија, со прстен кој ѝ припаѓал на неговата мајка, покојната принцеза Дајана.

 

 

 

15.08.2018 - 20:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега