Македонската пејачка се разведува - се огласи на социјалните мрежи
Македонската фолк-пејачка Елена Велевска јавно објави дека се разведува од својот сопруг Марјан, со кој е 10 години во брак и има три малолетни деца.
Таа информацијата ја потврди на Фејсбук:
„Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го "распослал" приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.
Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.
Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам...
Животот за нас оди понатаму.
Ви благодарам на разбирањето и поддршката“, напиша Велевска на Фејсбук.
Таа е мајка на Софија, Марко и Калија. Марјан пак, покрај трите деца со Велевска има возрасна ќерка и син, кои живеат во Австралија со неговата прва сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа