„Катимерини“: Шпионската афера е фабрикувана

Грчкиот весник „Катимерини“, повикувајќи се на свои извори во грчката Влада, објавува дека ниту еден грчки функционер не е вмешан во акцијата „Шпиун“. Како што јавува „КАтимерини“, официјална Атина ја смета акцијата за фабрикувана.

Според весникот, неофицијалното спомнување на Грција во шпионската афера го подгреала антихеленизмот во Македонија.

-Неофицијално се пренесува дека еден од затворените честопати се состанувал на Халкидики со луѓе на грчката тајна служба, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

 „Катимерини“ пренесува дека опозицијата во нашата земја смета дека целта на аферата е да се сее страв меѓу граѓаните.

18.09.2013 - 15:07

најчитано сега