Славиме Свети Стефан летен - денеска чувајте се од ова
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 2 август.
Денеска е Откривање и пренос на моштите на Св. архиѓакон Стефан.
За моштите на свети архиѓакон Стефан не се знаеше ништо по неговата смрт со каменување во Ерусалим. Дури во петтиот век на Кафаргамалскиот епископ Лукијан во сон му се јави Гамалил, учителот на апостол Павле, и му го откри местото на кое почиваа неговите мошти, како и начинот на кој тие стасале дотаму. Имено, по убиството на свети Стефан, јудејците оставија неговото тело да го изедат пците, така што се до овој век тие беа сосема заборавени. Епископот Лукијан дојде до пештерата што му беше покажана и таму најде се според кажаното. А кога почнаа да копаат по пештерата се рашири пријатен и добар мирис од светите мошти. Подоцна моштите на свети Стефан беа пренесени во Цариград.
Денешниот празник се нарекува уште Свети Стефан летен или Свети Стефан ветровит. Луѓето порано се плашеле од Свети Стефан, но и го почитувале за да не им го дувне сеното, сламата и да донесе разни болести. Затоа се верува дека денеска треба да се чуваме од ветерот. Морнарите овој ден го сметаат за морнарска слава, бидејќи Свети Стефан им дава ветер за нивните едра.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа