Наташа Беквалац заврши во болница - чувствувала вртоглавица и се онесвестила
Српската пејачка Наташа Беквалац, заврши во болница, пишуваат српските медиуми. Како што информираатмедиумите, пејачката се жалела на вртоглавици, а вчера се онесвестил и била примена во Клиничкиот центар во Белград, каде примила инфузија.
Близок пријател на Наташа за „Курир“ рекол дека пејачката веќе неколку месеци има проблеми со здравјето, не јаде доволно и дека психички ја исцрпува се што ѝ се случува со поранешниот сопруг, Лука Лазукиќ.
„Поминаа четири месеци, ама Наташа и понатаму не може да го најде потребниот мир“, рекол нејзиниот пријател.
15.08.2018 - 17:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа