Ќерката на Канго со емотивна порака по неговата смрт: „Прости ми татко“

 

Ивана Иванова, ќеркта на македонскиот музичар, поет и сликар Симеон Иванов - Канго, денеска на својот фејсбук-профил објави емотивна посвета за нејзиниот татко кој почина во март годинава, објави „Женски магазин“.

- Ми недостасуваш неверојатен човеку. Секој ден без тебе е очаен и празен. Твојот енергичен и динамичен од, твојот импресивен говор, татковската насмевка, топол утешен збор! Ништо повеќе не е исто. Без тебе сонцето помалку свети! Те чувствувам сѐ уште ме чуваш, пак ми даваш снага и волја да најдам причина за да се борам! Прости ми татко ако не те усреќив. Жал ми е, за твојот неостварен АМАНЕТ! Можеби еден ден повторно ќе се роди, сонце што ќе свети силно како тебе!Се надевам, за да го заврши твојот СОН! Те сакам! - напиша таа. 

 

 

 

15.08.2018 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега