ФОТО: Саудиската принцеза не носи хиџаб - со својата убавина остава без здив

 

Триесет и три годишната Амира Ал Тавил е саудиска принцеза која инспирира многумина со својата желба да го промени светот на подобро.

Принцезата Амира, покрај тоа што е убава, храбра и самоуверена жена, е многу активна на полето на хуманитарна работа, не само на територијата на Саудиска Арабија, туку и ширум светот. Посетила повеќе од 70 земји кои имаат проблеми, за да фати што би можела да направи за светот да стане подобро место за живот.

princeza

Принцезата Амира е член и креатор на неколку хуманитарни организации и направила склониште во Западна Африка за сите загрозени луѓе, им помогнала на жртвите од поплавите во Пакистан, отворила Центар за исламски студии на Универзитетот во Кембриџ и била активна во помошта на луѓето во Сомалија.

Таа е првата жената во својата земја одбила да носи долги тоалети кои го покриваат целото тело и се свртела кон европскиот стил на облекување и мода. Нејзиниот современ изглед секогаш го следат елементи кои се специфични за нејзината традиција.

princeza1

Не е само модниот стил и хуманитарната работа тоа што ја прават принцезата Амира посебна, туку и високото образование кое го стекнала на Бизнис академијата во САД. Таа смета дека секоја жена во нејзината земја има право на избор и своите сништа да ги претвори во реалност.

princeza3

Принцезата Амира е одличен пример како во една личност може да се спојат образование, душа и желба за промена. Ваквите луѓе сигурно ќе го променат светот.

 

princeza5

 

princeza7

 

princeza15

princeza16

 

 

 

14.08.2018 - 23:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега