Директорот на Бољшој Tеатарот се врати на работа по нападот со сулфурна киселина

Уметничкиот директор на московскиот Бољшој Театар, Сергеј Филин се врати на работа по осуммесечното лекување во Русија, откако во јануари беше нападнат со сулфурна киселина при што доби тешки изгореници по лицето и очите. 

Филин се појави на традиционалното одбележување на почетокот на новата балетска сезона во овој најпознат руски балет. Тој им се заблагодари на своите колеги за поддршката по нападот и во текот на лекувањето.

За нападот е обвинет еден од водечките руски балетани и ѕвезда на Бољшој Тетатрот, Павел Дмитриченко, заедно со уште две други лици, кои го нападнале директорот по негово барање. Доколку биде прогласен за виновен, Дмитриченко може да биде осуден на затворска казна од 12 години.

 

18.09.2013 - 14:21

најчитано сега