На холивудската убавица Анџелина Џоли и остануваат уште три години живот?

Холивудската актерка Анџелина Џоли е во паника дека и остануват уште три години живот.

Како што пишува America’s Globe magazine, Анџелина започнала тајно да составува листа  со работи и цели кои сака да ги направи пред да умре.

Актерката која неодамна беше подложна на превентивна двојна мастектомија со цел да се минимизира нејзиниот ризик од рак на дојка,  планира да направи и дополнителна хируршка операција за да го отстрани ризикот од рак на јајници, бидејќи е убедена дека нема уште многу да живее.

- Анџелина се обидува да го живее својот живот до максимум бидејќи чувствува длабоко во себе дека не и преостанува уште многу живот, открива изворот.

Изворот додава дека на Џоли најважно и е да се омажи за Бред  за да нема спорови откако ќе почине, и нејзините 6 деца да бидат добро згрижени.

18.09.2013 - 13:13

најчитано сега