Атина: Малтретирањето Македонци од страна на „Златнозорците“ е изолиран инцидент
Пратеничката на грчката опозициска партија Демократска левица Марија Јанакаки, по речиси еден месец доби одговор на нејзиното пратеничко прашање до министрите за надворешни работи и за цивилна заштита дали планираат да ги казнат насилниците кои малтретираат македонски граѓани и ги оштетуваат нивните возила. Taa во грчкиот Парламент пред еден месев истакна дека неофашистичката партија „Златна зора“ врши недозволени контроли на возила на границата и дистрибуира расистички и националистички материјали.
- Се оштетуваат возила, на Интернет се објавуваат фотографии и видеа во кои членови на Златна зора учествуваат во илегални проверки на возила. Од фотографиите лесно може да се идентификуваат сторителите, рече Јанакаки.
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос, во својот одговор до пратеничката на Димар вели дека се работи за „изолиран инцидент кој грчката Влада не го одобрува“. Во вообичаен стил, тој повторно ја обвинува „македонската Влада и провладините медиуми дека создаваат националистичка и непријателска клима кон Грција“.
Министерот за цивилна заштита, Никос Дендиас, вели дека на 21. јули годинава на двата гранични премини кон Македонија „се одржале собири на членови на неколку организации и една политичка партија при што немало нереди и нарушување на јавниот ред и безбедност“. Тој во својот писмен одговор вели дека немало нелегални контроли и предизвикана материјална штета на на возилата кои влегуваат од Македонија и додава дека надлежните органи ги презеле сите мерки за да се спрчи секакво прекршување на јавниот ред и мир.
Македонското МНР, на 31 јули му упати вербална нота на шефот на грчката канцеларија за врски во Скопје, Харис Лалакос, поради зачестеното оштетување возила со македонски регистарски таблички во Грција. Во вербаланата нота бил посочен и инцидентот од 21 јули на македонско-грчките гранични премини кога имаше екстремно националистичка иконографија проследена со упатување навреди, закани и речник на омраза кон македонските граѓани. И покрај 65-те возила кои се вратија оштетени во Македонија, ниту една грчка државна институција се уште нема преземено ништо.