Останала жива откако паднала во бунар и останала заглавена 15 дена
Една жена од Кина преживеала вистински хорор откако паднала во еден напуштен бунар.
Се работи за 38-годишната Су Кауџиу која за среќа успеала да преживее, иако цели 15 дена седела заглавена во бунарот. Жената преживеала пиејќи вода од дождот кој паѓал и јадејќи пченка која ја имала со себе дента кога се превртела и паднала.
По 15 дена поминати во бунарот, жената сега е жива и здрава.
18.09.2013 - 12:48
Фото:
Алфа.мк