ФОТО: Перо Антиќ до Шилегов - „Имај милост, вака не јаделе комарци 36 години“

 

Речиси цело лето скопјани се жалат дека има премногу комарци и дека градоначалникот Петре Шилегов воопшто не презема нешто во врска со тоа.

Еден од нив е и кошаркарот Перо Антиќ кој јавно, на својот Фејсбук профил му се обрати на градоначланикот на Скопје.

Тој објави фотографија од семејна вечера на отворено, каде задолжително со себе носи средства против комарци.

Во опис на фотографијата напиша:

„Дали треба на градоначалникот Шилегов да му доставиме сметки за Аутан и слични препарати или да го замолиме да испрска конечно за комарци?!?

Па имај милост, вака не јаделе комарци - со сигурност тврдам 36 години!!

Се надевам на разбирање и брза реакција или некој паричен надомест за граѓаните“, напиша Антиќ.

 

 

 

09.08.2018 - 08:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега