Вонреден инспекциски надзор во градинката „Детска Радост“ во Гевгелија

Откако вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се слуша силно плачење на деца во гевгелиската градинка „Детска радост“, а според Јулијана Ортаковска, која го објавила видеото на својот „фејсбук“ профил, негователката им се обраќала на децата со погрдни зборови, од Министерството за труд и социјална политика извршија вонреден инспекциски надзор во градинката. Оттаму денеска информираат дека по извршениот инспекциски надзор и дале неколку задолженија на директорката.

-Во рамки на извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на службите за инспекциски надзор за заштита на децата земени се изјави од директорката и од вработените во градинката. Директорката е задолжена со следното: веднаш да се утврди правилно фактичката состојба и врз основа на тоа да се поведе постапка за утврдување на одговорност, односно ако најде докази дека со повредата на прописите е сторен прекршок, потешка повреда на работната дисциплина, неизвршување, несовесно и ненавремено извршување на работите и работните задачи или кривично дело, да поднесе барање за поведување на прекршочна постапка,  иницијатива за покренување на дисциплинска постапка или пријава за сторено кривично дело, согласно член 261 став1 алинеја 2 од Законот за заштита на децата, информираат од министерството.

 

 

 

07.08.2018 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега